Турската полиција употреби водени топови и спреј за да ги протера неколкуте илјадници демонстранти кои се собераа покрај судницата во Истамбул, за да искажат солидарност кон обвинетите за планирање на судирот со кој требаше да се сруши владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Голем број демонстранти се обидоа да ги пробијат барикадите кои што се подигнати околу судницата во предграието на Истамбул, извикувајќи антивладини пароли.
Во судницата обвинетите ги даваа своите последни изјави, бидејќи процесот се ближи кон крајот.
Анлитичарите наведуваат дека 64 се обвинети, меѓу кои и новинари, политичари и пензионирани генерали се соочуваат со доживотна казна затвор поради учество во организацијата „Егренекон“, која наводоно планирала во 2003 година да внесе хаос во општеството со што ќе предизвика воен судир.
Критичарите сметаат дека судењето е засновано на слаби докази и дека владата сака да се пресмета со неистомислениците.
Организацијата планирала атентати на политичките и општествените лидери, меѓу кои и премиерот Ердоган, поранешниот шеф на генералштабот Јашар Бајуканит и добитникот на Нобеловата награда на писатели Орхан Памук.
Елена Георгиевска