ВИДЕО: Здодевно ви е, а не знаете што со парите? Нарачајте сопствено киднапирање!

Од:

Американската агенција „Extreme Kidnapping“ (екстремно киднапирање) нуди услуга за која вообичаено луѓето не сакаат ни да чујат, а не пак за неа да платат – киднапирање. Но, доколку ви е здодевно, а имате многу пари, оваа фирма за одреден хонорар ќе ви пружи автентично искуство, кои би го проживеале само ако станете жртва на киднапирање.

Сопственикот на фирмата од Детроит „Extreme Kidnapping“ Адам Тим ги уверува своите клиенти: Доколку не почуствувате дека сте навистина киднапирани и дека животот ви е во опасност, тогаш не си ја работиме добро работатата.

Секое киднапирање е различно, па така да речеме,  за 1.500 долари маскирани разбојници ќе ви стават лисици на раце и леплива лента на уста, ќе добите неколку шлаканици и ќе ве потопат во вода, сето тоа придружено со неколку струјни удари од шок пиштол, а ноќта ќе ја минете во мувлосан мрачен подрум.

– Нашите услуги се совршени за екстремни спортисти или авантуристи на кои им здодеале вообичаените нешта, се рекламира Адам Тик.

Секое киднапирање завршува во оној момент кога „жртвата-работодавач“ тоа ќе го посака, а доволно е само да го изговори претходно договорениот збор.

Оние кои го гледале филмот „Игра“ со Мајкл даглас ќе сфатат од каде доаѓа инспирацијата за ваквата мазохистичка забава, а за да имаат спомен од своето доживување, клиентите по киднапирањето добиваат видео снимка од незаборавната ноќ.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските