Турската полиција употреби денеска водени топови и солзавец за растера неколку илјади демонстранти кои се собра пред суд во Истанбул, за да изразрат солидарност со околу 300-те обвинети за подготвување заговор за соборување на владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Дел од демонстранти се обиделе да ги пробијат барикадите поставени околу Суд во предградие на Истанбул, извикувајќи антивладини пароли.
Протестите се одржаа во време додека обвинетите даваа завршни изјави во судскиот процес кој е при крај.
Шеесет и четворица од нив, вклучувајќи новинари, политичари и пензионирани генерали, би можеле да бидат осудени на доживотен затвор поради вмешаноста во наводен заговор за предизвикање хаос во 2003 година, со цел војската да ја преземе власта во земјата.