СДСМ: Владата донесе сериозни економски мерки, државата ги спасува работните места погодени од кризата со коронавирусот

Од:

„Владата на Република Северна Македонија го донесе вториот пакет економски мерки кои имаат за цел побрзо и поефикасно справување со економските последици од коронавирусот.

Преземени се сериозни чекори кои значат зачувување на работните места за сите погодени од кризата со коронавирусот, мерки што значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата“, велат од СДСМ.

„Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата.

Денес, сите поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите се ставен пред важен тест кој ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг.

Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик. Сите сме заедно во оваа криза и само заедно ќе излеземе од неа. Заедно ќе ги пребродиме последиците, а потоа заедно ќе продолжиме кон развојот и напредокот.

Најбитно е да се обезбеди и зачува здравјето на секој граѓанин, да се надмине здравствената криза, но важно е истовремено да се работи и на надминување на негативните економски последици за да продолжи економскиот раст и развој“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он