Циципас: Изолацијата тешко ми паѓа, осамен сум и губам разум

Од:

Карантинот поради пандемијата од новиот коронавирус му паѓа тешко на грчкиот тенисер Стефанос Циципас. Во видео што го постави на Јутјуб каналот, наведува како го поминува денот и зошто не е со семејството.

„Што правам во карантин? Читам книга. Се обидувам да се образувам, но и да одржам форма. Сепак, имам чувство дека добивам на тежина и тоа навистина се случува. За некои работи не расудувам нормално, како да губам разум. Наредните неколку недели ќе бидат пресудни за мене, порача Циципас кој последниот меч на АТП турот го одигра против Новак Ѓоковиќ на 29 февруари.

Со семејството не е поради, како што рече, недоразбирање.

„Се осамив. Такви работи се случуваат кога сте долго во изолација. Почнувате да разговарате со предмети и да губите здрав разум. Ако се прашувате зошто не сум со семејството, тоа е поради кавгата, пред неколку дена и едноставно се разидовме. Сè уште ги сакам и понекогаш сакам да ги видам, но секогаш е стресно да се биде со нив. Затоа решив да бидам сам“, потенцира Циципас.

Би можело да ве интересира

Папата го поддржа апелот на Гутереш за примирје ширум светот за време на пандемијата

А1он

Италијанскиот спорт ќе добие помош од 400 милиони евра

А1он

Бунт во затвор во Тајланд поради коронавирусот

А1он

Заразените со Ковид-19 од северно Косово се лекуваат во Србија

А1он

Во Албанија нови 15 случаи со Ковид-19, вкупно заразени 212 лица

А1он

Состојба со Ковид-19 во светот, регистрирани се 672.086 новозаразени , починати се 31.191 а оздравеле 143.870 лица

Ана Василевска