Шерон Тајрабеси (39) од канадскиот град Хамилтон во 2004 година на лотарија добила над 10 милиони канадски долари, но во изминативе девет години успела да потроши речиси се до „последниот цент“ и денес повторно живее како и пред добивањето на премијата.
Добиената сума пари Тајрабеси во изминативе години ја потрошила на луксузна куќа, автомобили, забави, дизајнерска облека и на позајмици на членови на нејзиното семејство, па сега живее во стан под наем, патува со јавниот градски превоз и работи хонорарно.
– Од време на време знаев да ја погледна состојбата на сметката, но имаше толку многу нули што мислев деке се е под контрола. Одеднаш сфатив дека сумата се смалила на само 750.000 долари, кои ги оставив како наследство за моите деца. Своите пари тие ќе ги добиваат кога ќе наполнат 26 години, изјави Тајрабеси за локалниот весник „Хамилтон Спектејтор“.