Ви ја кажал ли некој некогаш реченицата „Ми се допаѓаш премногу, ама…“ , а вие сте верувале дека токму тој е вистинскиот за вас и сигурно ќе останете заедно до крајот на животот. Во еден момент се било во ред, а потоа се ви дошло како ладен туш.
Можеби сè ќе беше полесно ако знаевте на време дека човекот не е многу заинтересиран за вас и место да ви ги каже јасно овие работи, тој ви зборувал некои други „глупости“ кои само ве бунеле.
Проблемот е во тоа што многу девојки секогаш наоѓат некој изговор за ваквото однесување на мажите и продолжуваат понатаму, но доколу навистиа си посакувале добро себе си и се држеле до своите принципи, никогаш не би ги поминале овие ситуации.
-Се што ми треба во периодов е добра забава.
-Полека, се уште не се познаваме доволно.
-Извини што не ти се јавував на телефон (ме немаше на интернет) три дена.
-Минувам низ тежок период.