Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон по завршување на петгодишниот мандат на крајот на 2014 година ќе доби 400.000 фунти.
Тие пари во наредните три години Ештон ќе ги добие за трошоците на британските даноци, пишува „Дајли телеграф“. Според истражувањето Ештон до крајот на 2017 година ќе добие 157.000 евра.
-Ќе добие џепарлак и нема да мора ништо да работи, а ќе има примања според намалетните камати за заеднички даноци во ЕУ, а не според британската каматна стапка за лица со поголеми примања – истакнува списанието.
Според европските правила џепарлакот е цена на тотална независност на повеќе официјални лица во ЕУ, како што е Ештон, која е и потпретседател на Европската комисија.
Портпаролот на Европската комисија изјави дека е многу важно комесарите да не бараат нови вработувања во последниот мандат и да им е обезбедено време да пронајдат ново адекватно работно место.
-На начин тие можат да продолжат од себе да даваат се, за што ги и плаќаат. Помал е и ризикот од судир на интереси – изјави портпаролот.
По заминувањето од функцијата, со која имаат годишна плата од 338.500 евра, Ештон месечно ќе зема сума од 28.000 евра.
Елена Георгиевска