Условите за работа во Европа се влошени во периодот помеѓу 2005 и 2010 година, односно во време на економската криза и зголемувањето на бројот на невработени, е заклучок на студијата на францускиот Центар за проучување на условите за работата.
Само во некои држави како што се Полска, Чешка , Белгија и Данска условите се подобрени, додека во повеќе европски држави дојде до влошување, особено во Франција и Ирска.
Заклучок за условите за работа се добиваат врз основа на податоци за висина на платите, должината на работното време, условите и безбедноста на работното место, можноста за напредување, како и присуството на здруженијата кои ги застапуваат заедничките интереси на работниците, како што се синдикатите.
Како што наведува Центарот, утврдено е дека во глобала условите се подобрени, кога станува збор за должина на работното време и за условите и безбедноста на работата.
Во Ирска дојде до најголемо влошување на условите за работа, и покрај тоа што е забележан пораст на платата.
Елена Георгиевска