Марк Нофлер го откажа настапот во Русија

Од:

Фронтменот на некогаш популарната британска поп група „Дајар Стрејтс“, Марк Нофлер, ги откажа своите два најавени концерти во Русија, во знак на протест поради односот на руските власти кон организацииите за човекови права.

Нофлер ги откажа концертите во Сенкт Петерсбург и Москва, предвидени за во јуни, откако руските власти извршија серија претреси во канцелариите на стотина хуманитарни организации, меѓу кои и на Хјуман Рајтс Воч и на Амнести Интернешенел.

Критичарите на ваквата политика на властите во Русија, тврдат дека претресите се обид за целосно прекинување на работата на овие организации кои се во разногласие со властите.

Нофлер на својата интернет страница напиша дека верува оти ваквата ситуација во Русија ќе биде надмината.

Сите политички ангажирани невладини организации кои добиваат парична помош од странство, руските власти ги третираат како „странски агенти“.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските