„Кум“ e легендарен филм од седумдесетите кој е снимен според истоимената книга на Марио Пузо.
Филмот за италијанската мафија во Америка ќе забележи голем успех според светската филмска критика и поради тоа тој и денес котира на топ листата за најпопуларни филмови.
Во 1973 година, филмот имал 11 номинации, а освоил три награди „Оскар“, во следните категории: најдобра фотографија, најдобар актер (Марлон Брандо) и најдобро адаптирано сценарио.
Истата година, филмот освоил и пет награди „Златен глобус“, една награда на БАФТА и една награда „Греми“ (Нино Рота, за најдобра музика).
Со тоа, филмот освоил вкупно 26 светски награди.
Погледнете ги петте животни лекции од главниот лик Вито Корлеоне во филмот „Кум“:
1. „Немој да ветуваш нешто што подоцна не можеше да го направиш, биди доследен на секој збор што веќе си го кажал“.
2.„Не се инволвирај себеси во приватниот живот на другите“.
3.„Во животот, најважно нешто е фамилијата“.
4.„Немој да работиш спротивно од твојата фамилија“.
5.„Емоциите не смеат да бидат твојата водилка на делување, туку разумот“.