Триесет и седумгодишен маж, по чудо, преживеал откако скокнал од единствениот мост над Босфор во обид да се самоубие, соопшти „Хуриет дејли њуз“.
Мажот одеднаш го запрел камионот на висечкиот мост „Фатих Султан Мехмед“ во Истанбул и ја прескокнал оградата во обид да посегне по својот живот.
Полицајци и психолог цели 45 минути се обидувале да го разубедат од неговата намера, но и покрај сите напори да го задржат, мажот сепак се фрлил во Босфор од 105 метри височина.
По чудо, меѓутоа, тој го преживеал скокот, бил изваден од водата од морската полиција и однесен во болница.