Роналдињо останува во притвор – судот во Парагвај ја одби кауцијата

Од:

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец, Роналдињо останува во притвор со Парагвај за фалсификување на патни исправи, откако судот во Асунсион ја одби неговата понуда за кауција од 1,7 милиони евра да се брани од слобода.

Еден од легендарните играчи на Барселона, заедно со неговиот брат, влезе во Парагвај со лажни документи и беа уапсени во хотелот во кој отседнаа.

Во затворот стана омилен лик меѓу осудениците и неговата екипа без проблеми го освои турнир што традиционално се организира во установата.

Но, за излез на слобода, сепак, ќе мора да го почека судењето и да се надева дека неговиот адвокат ќе успее да ја убеди поротата дека немал врска со лажирање на документи. Во спротивно, зад решетки ќе мора да мине уште неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Роналдињо: Жесус е еден од најдобрите играчи во Европа

Роналдињо проговори за неговиот престој во затвор

А1он

Роналдињо никогаш не тренираше во понеделник, откри поранешен соиграч

Ана Ололовска

Чави: Само Меси е над Роналдињо

Ана Ололовска

Роналдињо учи за столар во затворот во Парагвај

А1он

Ето му изрази поддршка на Роналдињо кој се наоѓа во парагвајски затвор

Ана Ололовска