Вистинска потрага по богатство

Од:

За да ги поттикне сограѓаните да го истражат светот околу себе и да се „одлепат од компјутерот“, Американецот Форест Фен закопа богатсво вредно неколку милиони долари и за тоа напиша песна. Златни парички, дијаманти и смарагди го „чекаат“ најупорниот трагач некаде во близина на Санта Фе.

Богатството, според зборовите од песничката на американскиот милтимилионер, е закопано пред три години и тоа во близина на Санта Фе, во американската сојузна држава Ново Мексико.

Фен има рак на бубрезите, па поради тоа одлучи да ја отвори сезоната на лов на богатството.

Сандаокот, каде се златото, дијамантите и смарагдите, го закопал, бидејќи се надева дека на тој начин ќе ги натера сограѓаните да се тргнат од компјутерите и телевизорите.

– Изнесете го детето надвор, однесете го на риболов, одалечете го од компјутерот, порачува 82-годишниот Фен.

Тој добил речиси 7.500 пораки, во кои некои му заблагодаруваат, други го прашуваат за упатства за да го пронајдат богатството. Инаку, во текот на животот, Форест и самиот бил трагач по богатство.

– Голем дел од мене се наоѓа во тој сандак со богатство. Чувствував како нешто излегува од мене, додека го затворав, рече Фен.

На Фејсбук е отворена страница за потрагата по богатството на Фен.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските