Денеска времето облачно со пообилни врнежи од дожд

Од:

Времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Врнежите на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено ќе преминуваат од дожд во снег. Дневните температури преку денот нема многу да се покачат и ќе се пониски и за повеќе од десетина степени од денешните.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет степени, а дневната температура од четири до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи  од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до седум степени.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневните температури. Наутро постудено ќе биде особено во среда и во четврток.

Би можело да ве интересира

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Продолжува топлотниот бран во земјава

Катерина Ѓуровски

Портокалова фаза, 40 степени и здравствени ризици

Катерина Ѓуровски

Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Сончево и топло, температури до 39 степени

А1он

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат