А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Филе во вторник во Македонија за финализирање на пролетниот извештај

by А1он04/04/2013 - 14:28156
Share0

Прогресот постигнат во петте приоритетни области наведени во декемврискиот извештај од Европскиот совет, кои се дел од пристапниот дијалог на високо ниво ќе бидат главна тема на средбите со еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој во вторник доаѓа во посета на Република Македонија за финализирање на пролетниот извештај за земјата.

Добивај вести на вибер

Како што изјави вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите, Филе, кој ќе биде придружува од директорот на Директоратот за проширување при ЕК Стефано Санино, со македонските владини претставници ќе разговара и за политичкиот дијалог, при што очекува да се нотира надминувањето на политичките недоразбирања меѓу власта и опозицијата што следеше по настаните во Собранието од 24 декември, како и формирањето на Експертската комисија која треба да помогне тие да се расветлат.

Тема на разговор ќе бидат и локалните избори, за кои Бесими вели дека не се услов Македонија да добие позитивен извештај од ЕК, но може да го загрози тој процес доколку земјата не покаже капацитет да спроведе мирни, демократски и фер избори, затоа што се дел од политичките критериуми кои мора да ги исполни секоја земја кандидат за членство во Унијата.

Тој очекува ЕК да подготви кредибилен и објективен извештај за процесот на реформите во областа на судството, владеење на правото, за реформите во јавната администрација, слободата на медиумите, спроведувањето на Охридскиот договор и функционална пазарна економија. Акцент очекува да се стави на исполнувањето на политичките критериуми, со оглед дека политичката ситуација и изборите се следат, како што вели, под лупа од земјите членки на Унијата, а за што многу е важно земјата да добие позитивна оценка.

МНР треба да подготви извештај во однос на делот на обврските за прогресот во добрососедските односи и разговорите за името.

– Тука очекуваме да се нотираат бројните иницијативи и средби што ги имаше Владата на различно ниво – од премиерско до државни институции и одредени агенции и директорати и со Бугарија и со Грција, што ќе покаже колку сме активни во тој дел, рече Бесими.

Во однос на слободата на медиумите, најави дека веќе следната недела од страна на Министерството за информатичко општество и администрација кое ја презеде надлежноста за новиот закон за медиуми, ќе биде организирана јавна дебата на која ќе бидат поканети да учествуваат сите заинтересирани страни, вклучувајќи го и ЗНМ. Владиниот пристап, пак, вели ќе биде отворен и искрен за разговорите на оваа тема.

Според него, Македонија ќе има време да испорача резултати и по 16 април кога треба да биде презентиран пролетниот извештај за земјата, а од значење е, подвлече, што има динамизирање на процесот на проширување од страна на ЕК во однос на регионот.

– И по 16 април до јуни ние имаме можност да покажеме напредок. ХЛАД е механизам што дава динамика на процесот кој е многу важен и исклучително комплексен и до јуни, а и после јуни ние треба да продолжиме со реформите. Дотогаш потребно е посветена работа од сите инстуции кои се вклучени во тој процес. Оценката која ќе ја содржи извештајот нема да биде за Владата туку за Македонија, посочи Бесими кој раководи со Секретаријатот за европски прашања, како координативно тело на процесот за евроинтеграции на земјата.

akteulnoizbori

Би можело да ве интересира

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

Предраг Петровиќ01/07/2025 - 21:05

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски12/06/2025 - 11:1312/06/2025 - 11:14

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски01/06/2025 - 22:0101/06/2025 - 22:10

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски01/06/2025 - 21:4201/06/2025 - 21:46

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Горан Наумовски01/06/2025 - 21:01

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Горан Наумовски01/06/2025 - 20:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен