А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕK не открива каков ќе биде извештајот за Македонија

by А1он04/04/2013 - 13:30168
Share0

Европската комисија засилено го подготвува Специјалниот извештај за Република Македонија што на 16 април комесарот за проширување Штефан Филе ќе го објави во Стразбур, јавува дописникот на МИА од Брисел. Сепак, овојпат Комисијата не објавува никаков детал од содржината на овој извештај кој го подготвува по заклучоците на Самитот на Европскиот совет во декември минатата година и тој доколку има напредок во Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) меѓу Европската унија и нашата земја, како и во добрососедските односи со Бугарија и во решавањето на наметнатото прашање за името со Грција, се очекува да биде позитивен.

Добивај вести на вибер

– Не сакам да навлегувам во детали кога станува збор за извештајот. Сега сме во т.н. работен процес и само ќе кажам дека Европската комисија ќе го усвои и објави извештајот на 16 април и тогаш ќе се знае што тој ќе содржи. Претходно не би сакал да кажам ништо повеќе, гласи одговорот на Петер Стано, портпаролот на Филе, на прашањето на дописникот на МИА дали сега како нов услов се наметнуваат преговорите што во Њујорк се водат под посредство на медијаторот Метју Нимиц, кој идната недела повторно ќе ги седне на маса македонскиот и грчкиот преговарач, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Иако Стано не открива детали, извори од Унијата за МИА потврдуваат дека претстојниот извештај ќе содржи нова препорака за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, со тоа што во него ќе бидат нотирани политичките проблеми што претходните месеци ги креираше опозициската СДСМ во државата, како и етничките судири. Но, сега повторно се раѓаат сомнежи дали Грција ќе стави рампа на јунскиот Самит на Европскиот совет, со оглед на тоа што од Атина повторно доаѓаат вакви најави, додека Бугарија овојпат се очекува да не биде пречка со оглед на видливите резултати од преговорите за добрососедство.

Сето ова, Филе на макеоднскиот премиер Никола Груевски и на претставниците на Владата на Република Македонија се очекува да им го соопшти лично веќе во вторник на 9 април, кога во рамки на Четвртата рунда од ХЛАД-от, како што МИА најави пред речиси еден месец, заедно со првиот човек на Директоратот за проширување Стефано Санино ќе го посетат Скопје.

– Можам да потврдам дека комесарот Филе ќе допатува во вторник во Скопје, а причината е што тој ќе учествува на Четвртата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), потврдува неговиот портпарол Стано.

Со македонската Влада, Филе се очекува и да разговара за одржаните локалн избори, за кои набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека се одвиваат во мирна атмосфера и без нарушувања, на задоволство на Комисијата во подготовката на извештајот, но и на известувачот од Европскиот парламент, Ричард Ховит, кој деновиве во Велика Британија интензивно работи на амадманите со цел на 8 април (понеделник), Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) на ЕП да изгласа позитивна Резолуција за Македонија.

eu

Би можело да ве интересира

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

Горан Наумовски28/10/2025 - 13:50

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски27/10/2025 - 20:0927/10/2025 - 20:46

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Горан Наумовски24/10/2025 - 13:16

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Горан Наумовски24/10/2025 - 11:57

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Горан Наумовски24/10/2025 - 10:43

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски24/10/2025 - 07:1424/10/2025 - 07:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен