За викендот врнежи, од понеделник повторно стабилизирање на времето

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре попладне, во вечерните часови и задутре земјава ќе биде зафатена од влажна воздужна маса, поради што се очекуваат врнежи. Врнежите ќе бидат пообилни во недела.

-Утре во текот на денот облачноста ќе се зголеми, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса врнежите ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен, и на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег, соопшти УХРМ.

За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне за повеќе од 10 степени.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Би можело да ве интересира

Пријатно време со надпросечни температури во текот на оваа седмица

Температури до 15 степени денеска, пријатно време и во викендот

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време

Температури до 15 степени денеска, цела седмица убаво време

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре потопло