Стапи во сила одлуката на Уставниот суд на БиХ поради која е блокирана работата на државните институции

Од:

Одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина за земјоделското земјиште денеска стапи во сила, откако вчера беше објавена во Службен весник на БиХ.

Укинатиот член 53 на Законот за земјоделско земјиште на Република Српска престанува да важи од следниот ден од објавување на одлуката на Уставниот суд во Службен весник на БиХ, се наведува во одлуката.

Одлуката на Уставниот суд на БиХ е донесена на почетокот од минатиот месец и според неа земјоделското земјиште во РС се смета за имот на БиХ, а не на ентитетот.

По таквата одлука Собранието на РС на 17 февруари донесе заклучоци, меѓу кои им наложува на српските претставници во институциите на БиХ да не учествуваат во носењето одлуки се додека не се поништи одлуката на Уставниот суд на БиХ и да не се усвојува законот за престанок на мандатите на странските судии во Уставниот суд на БиХ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски