Курдските бунтовници бараат законска заштита за да се повлечат од Турција

Од:

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) бараат со закон да бидат заштитени при планираното повлекување од територијата на Турција, за да не бидат нападнати од турската армија, како што се случувало во минатото, соопштија британските медиуми.

Турската влада, меѓутоа, не го прифаќа ова барање, посочуваат агенциите.

Курдската работничка партија (ПКК) минатиот месеец прогласи примирје, по наредба на нејзиниот лидер Абдула Оџалан, осуден на доживотен затвор, кој ги води преговорите со Анкара за мирно надминување на курдскиот конфликт.

Следниот чекор е повлекување на ПКК од Турција кон базите во северен Ирак, но бунтовниците кажуваат дека без законска заштита тие ќе бидат ранливи за напади од турската армија.

-Борците не можат да се повлечат без да се подготват законски основи и да се донесат соодветни мерки, затоа што во минатото тие преживеаја големи напади кога се повлекуваа, изјави синоќа командантот на ПКК Џемил Бајак за една курдска телевизија.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган даде гаранции дека нема да има повторување на ваквите судири, но е против прифаќање на законски одредби. Според него, бунтовниците треба да се разоружаат пред повлекувањето, за да се избегне ризикот од судири со турските сили.

Весникот „Милиет“ денеска цитира извори од безбедносните сили дека на околу 700 од 1.500 бунтовници на ПКК, за кои се смета дека се во Турција, може да им биде дозволено да се реинтегрираат во општеството место да ја напуштат земјата, бидејќи не учествувале во вооружени напади.

Лидерите на ПКК цврсто се противат на повлекувањето без законска заштита.

Во изјавата на ПКК од викендот се посочува дека „од клучно значење за трајниот и добар развој на процесот е да се преземат некои конкретни, практички чекори, за нашите сили да се убедат во договореното“.

Турскиот премиер презеде сериозен политички ризик кога дозволи преговори со Оџалан, забележаа британските медиуми. Владата, меѓутоа, малку зборува за реформите што ќе ги преземе за да ја убеди ПКК да се разоружа, посочуваат агенциите.

Прокурдските политичари во Турција се фокусирани врз проширувањето на правата и посилната локална управа за Курдите, кои се 20 проценти од 75-милионското население на Турција. с

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски