ВИДЕО: Сирената од вистинскиот живот има опашка од 15.000 долари и го задржува здивот пет минути

Од:

Линден Волберт (32) од Лос Анџелес, со право може да се нарече сирена во вистинскиот живот. Оваа убавица има опашка вредна 15.000 долари, а нејзината работа е да нурка и да им позира на фотографите под вода.

Додека другите манекенки одат по писта, американката со име Линден Волберт има малку потешка задача. Таа мора да плива и нурка со опашка тешка 16 килограми, на чија изработка се потрошени седум месеци и 15.000 долари.

“Сирената” ги користи своите вештини, не само за да сними прекрасни фотографии, туку и, да ги наведе луѓето да обрнат внимание на зачувување на океаните. Таа патува по светот, плива со ајкули и медузи, а под вода останува по пет минути без прекин.

– Моите родители се пливачи, а и јас самата од мали нозе го обожавав океанот. Водата ме привлекува како магнет. Со слободно нуркање се занимавам веќе десет години и сфатив дека најважно е да останш смирен под водата – вели Линден за “Дејли мејл.”

Кога доволно се извештила во нуркањето, американката помислила како цртаниот филм “Малата сирена” може да го претвори во реалност. Со помош на Алан Холт, холивудски експерт за специјални ефекти, доби силиконска опашка која е направена според обликот на нејзиното тело.
Крлушките се рачно изработени, прво од глина, а потоа нејзините реплики се направени од фиберглас и силикон.

– Алан и јас на почетокот го одредивме буџетот, но подоцна го надминавме и не зажаливме. Моите пријатели и семејството беа тука кога прв пат влегов со опашката во вода. Не ја тргав насмевката од лице. Ми беше тешко да поверувам што се случува – се сеќава “сирената”.
Додека престојувла на островот Палау во Тихиот Океан, Линден ја запознала Венди Капили Вилки, која професионално се занимава со фотографија. Тогаш настанаа фантастични фотографии на кои “сирената” нурка со морски суштества.

– Нуркав со медузи, но исто така и со ајкули. Многу луѓе мислат дека сум луда, но во секој момент цел тим на луѓе е задолшен за мојата безбедност – вели девојката која во улогата на сирена снима кратки филмови за деца и настапува на забави.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските