Канческа-Милевска: Битолскиот Центар за култура со најсовремена дигитална опрема

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денескa во Битола ги презентираше инвестициските вложувања кои во изминатиот период се реализираа со поддршка на Владата и локалната самоуправа во овој град.

На средбата со новинарите во НУ Центар за култура-Битола, Канческа-Милевска посочи дека со поддршка на градоначалникот Владимир Талески се обновиле и реконструирале многу објекти, и се реализираат висококвалитетни домашни и интернационални манифестации од областа на културата.

-Благодарение на исклучителното чувство на градоначалникот Талески за културните вредности и уметничкиот потенцијал со кој располага градот Битола, заеднички успеавме да реализираме многу инвестиции во библиотеката, музејот, театарот, а денес и во Центар за култура. Во големата сала на оваа установа се обезбедува целосно дигитална опрема, со што ИФФК „Браќа Манаки“ ќе функционира како и најголемите светски фестивали. Станува збор за најсовремена дигитална опрема во вредност од 110.000 евра, средства кои ги обезбедија Министерството за култура, локалната самоуправа и Еуроимаж кој го поддржа реновирањетои на кино салата во Центарот за култура, истакна Канческа-Милевска.

Таа денеска во Битола најави и реконструкција на ликовниот салон во НУ Центар за култура за што се обезбедени средства од Министерството и општина Битола.

– Во Центарот за култура се одржуваат висококвалитетни домашни и интернационални манифестации, и затоа инсталирањето на нова дигитална опрема е од големо значење и обезбедува врвен аудио-визуелен ефект. Наесен ИФФК „Браќа Манаки“ ќе има прекрасни услови за проекција на филмови, а деновиве оддолжувајќи се на делото на браќата Манаки ќе ја почнеме градбата на оригиналната фасада на нивното некогашно кино „Корзо“ кое ќе прерасне во нова кино сала во Битола, посочи градоначалникот Талески.

Во рамки на посетата во Битола, министерката Канческа- Милевска се сретна со директорите на националните уставови Народен театар, Центар за култура, Завод и Музеј и Универзитетска библиотека во овој град за кои истакна дека безпрекорно добро ги менаџираат институциите што ги раководат и во целост ја реализираат програмата на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање