Иранскиот филм „Нема зло“ ја освои „Златната мечка“ на Берлинале

Од:

Иранскиот филм „Нема зло“ на режисерот Мухамед Расулофа, синоќа ја освои наградата „Златна мечка“ на 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, соопшти претседателот на жирито Џереми Ајронс.

Филмот, кој низ четири приказни ги тематизира прашањата на смртната казна во Исламската Република, е забранет во земјата, а на режисерот не му беше дозволено да го напушти Иран за да ја прими наградата, пренесоа британските медиуми.

Во негово име наградата ја прими неговата ќерка Баран.

„Сребрената мечка“ за најдобра женска улога ја освои германската актерка Паула Бер за главната ролја во филмот „Ундине“, а во категоријата за машка главна улога награден беше италијанскиот актер Елио Џермано, за неговата главна улога во филмот „Сакав да се скријам“.

„Сребрената мечка“ за најдобро сценарио ја добија браќата Фаби и Дамијан Д’ Иноченцо за филмот „ Лоши приказни“.

Би можело да ве интересира

Скорсезе ќе ја добие наградата „Златна мечка“

Наградата „Златна мечка“ за филмот „Синоними“

Две награди за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Адеми се сретна со раководители на секторот Креативна Европа МЕДИА