Украинскиот премиер Хончарук повторно поднел оставка

Од:

Украинскиот премиер Олексеј Хончарук по вторпат з акусо време наводно поднел оставка, а сега заради извештаите дека претседателот Володимир Зеленски подготвува негова смена од функцијата, објави украинскиот медиум НВ.

Хончарук одби да даде коментар на веста, јавија британските медиуми.

Зеленски за среда свика посебна седница на парламентот, за која украинските медиуми наведуваат дека би можела да ја вклучи и расправата за промени во структурата на владата.

Смената на Хончарук доаѓа во време кога довербата во владата на Зеленски е во значителен пад.

Поранешниот актер и комичар лани оствари голема победа на изборите ветувајќи завршување на војната во Донбас и дека ќе се бори против корупцијата, пренесе Фена. .

Заменик премиерот Денис Шмигал можно е да стане вршител на должноста премиер доколку не се пронајде трајна замена, пишува НВ.

Хончарук минатата недела негираше дека поднел оставка или дека разговарал со Зеленски за своето заминување од владата, но се наоѓа под надзор откако во јануари беше објавена снимка која сугерираше дека на негитивен начин зборува за Зеленски.

Реконструкцијата на владата доаѓа во момент кога Украина се обидува да добие милијарди долари во кредити од ММФ, што се условени од напредокот на земјата во однос на постигнатите реформи и решавањето на проблемите.

Би можело да ве интересира

Трамп има решение за крај на војната во Украина

Шефот на НАТО: Севернокорејските војници пристигнаа во Курск, ова е значајна ескалација

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца

Украина: Руските трупи извршија 15 воздушни напади во Курск

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови