„Грција вчера беше на мета на организиран, масовен и нелегален обид за преминување на границата и издржа, заштитувајќи ја нашата граница и границата на Европа, спречени беа над 4.000 нелегални влезови“, рече портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас.
Пецас, рече дека 66 лица ја поминале границата приведени се, а немаат никаква врска со Идлиб и истакна дека владата е решена да направи сѐ што е потребно за заштита на границите.
„Ги зајакнуваме нашите сили на копно и море. Во Еврос се префрлаат дополнителни сили од полицијата и армијата. На островите, се засилуваат силите на крајбрежната служба и од денеска патролираат вкупно 52 бродови на крајбрежната служба и воената морнарица. Владата е решена да стори сé што е потребно за да ги заштити нашите граници“, рече Пецас по состанокот.
Граничниот премин „Кастањес” со Турција кај Еврос, веќе 24 часа е затворен, а од турска страна и понатаму се собрани бегалци и мигранти кои во текот на ноќта се судрија со полицијата.