Во главниот град на САД, Вашингтон прогласена е вондредна состојба по силната бура, пропратена со громови, во која загинаа најмалку 13 лица. Вондредната состојба ќе биде во сила 15 денови.
Вондредна состојба е прогласена и во сојузните држави Вирџинија, Западна Вирџинија и Охајо.
Вондредните мерки се преземени поради рекордно високите температури на воздухот и силната бура, поради која без електрична енергија 17 часови беа 440.000 жители на Вашингтон.
Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат уште бури, а материјалната штета во Вашингтон се споредува со штетите предизвикани од ураганот Изабел од 2003 година. Тогаш загинаа повеќе од 50 луѓе, а штетите изнесуваа 4,3 милијарди доалри.
Во последните денови бурата помина над дел од источниот брег на САД.