Кривична пријава против сообраќаен полицаец за примање поткуп

Од:

Кривична пријава е поднесена против сообраќаен полицаец од Скопје поради примање поткуп.

Како што соопшти МВР, Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Б.Џ., полициски службеник во Одделението за безбедност на патниот сообраќај, СВР Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.

Пријавениот на 24-ти овој месец во својство на полициски службеник, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, а со намера да прибави противправна имотна корист, побарал и примил поткуп во износ од 6.000 денари, а со цел да не изврши службено дејствие, односно да не му издаде платен налог на оштетениот за наводно сторен прекршок во сообраќајот, иако во рамките на своето службено овластување морал да го изврши. Подоцна истиот ден пријавениот ја примил паричната награда.

По поднесувањето на кривичната пријава, истата е доставена до ОЈО ГОКК и Б.Џ. е изнесен пред судија на претходна постапка, којшто му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Истовремено, отпочната е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична