Една третина од жените во Турција или 34 отсто, не се чувствуваат безбедни на улиците, покажуваат податоци на Турскиот завод за статистика.
Податоците наведуваат дека Турчинките многу повеќе од мажите стравуваат за својата безбедност во своите домови и на улиците.
Повеќето турски граѓани (80 отсто) се чуваствуваат побезбедни во своите домови, а 10 проценти од жените не се чувствуваат безбедни дури и дома.
Минатата година бил зголемен бројот на Турчинки жртви на семејно насилство, кои побарале помош во заслоништа за жени. Во периодот од јануари до септември 2012 година бројот на жртвите на семејно насилство изнесувал 4.500 жени и околу 2.000 деца, покажуваат податоците на турското Министерство за семејство и социјална политика.