Трамп ги продолжи санкциите против Кремљ поради ситуацијата во Украина

Од:

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги продолжи санкциите кон Русија поради конфликтот во Украина за уште 12 месеци.

Мерките против Москва ќе бидат во сила до 6 март 2021 година.

Од Белата куќа oбјавија дека акциите и политиките на Русија во Украина, како што е наведено во американските укази за санкциите, претставуваат опасност за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Санкциите се однесуваат на низа руски официјални лица и високи бизнисмени, повеќе компании, и раководствата на самопрогласените републики „ДНР“ и „ЛНР“.

Првпат беа воведени од претходникот на Трамп, Барак Обама, пролетта 2014 година, и оттогаш еднаш годишно автоматски се продолжуваат на 12 месеци, ако претседателот на САД не информира за обратното во тек на 90 денови, до означената дата за екстензија на пакетот мерки.

Во акциите на Русија во Украина Вашингтон гледа поткопување на демократските процеси и институции од страна на руските власти, и газање на суверенитетот и независноста на земјата.

Москва постојано ги негира обвиненијата дека врши агресија во однос на Киев и дека воено ги помага сепаратистите во регионот Донбас.

Би можело да ве интересира

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“