Едукативна изложба и базар на ракотворби за промоција на мартинките

Од:

Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ денеска напладне во ТЦ „Капитол“ седми пат ќе ја организира манифестацијата „Среќна Баба Марта 2020“, која е дел од активностите за признавање на мартинките за нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Настанот ќе биде отворен до 1 март и покрај изложба на оригинални рачно изработени амајлии од нашата земја, Бугарија и Романија, ќе опфати и едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и креативна работилницa за деца.

– Статусот кој УНЕСКО му го додели на „Хаемус“ како носител на обичајот мартинки, кој е светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО, е огромна одговорност за нас како граѓанска организација. За таа намена беше креиран долгогодишниот проект „Денот на Баба Марта“ преку кој покажуваме дека ги почитуваме верувањата и обичаите поврзани со мартинките и ги негуваме во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција, едукација и популаризација, изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање