Шимшек: Турција ќе прерасне во модел за регионот, ако се реши курдското прашање

Од:

Турција ќе прерасне во модел за регионот, доколку успее да го реши курдското прашање, изјави турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, објави весникот „Хуриет“.

Шимшек во своето обраќање на економскиот форум во северозападниот град Бурса за време на викендот, истакна дека со постигнувањето на мир економијата на земјата дополнително ќе се развие. Според него Турција ќе биде сосема различна земја, ако процесот за мир биде успешен и се постигне траен мир.

Турскиот министер нагласува дека со решавање на курдското прашање, парите кои се трошат за борба против тероризмот, ќе се користат за образование и здравство, инфраструктура и создавање нови работни места во Истична и Југоисточна Турција, областите кои најмногу се погодени од тероризмот.

Ако процесот за мир постигне успех Источна и Југоисточна Турција ќе привлечат повеќе инвестиции, нагласи Шимшек.

Според него за финансирање на борбата против тероризмот во изминатите 40 години се потрошени меѓу 300 и 400 милијарди долари.

Минатиот месец лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан повика за прекин на огнот и повлекување на курдските борци од Турција. Повикот е дел од директните преговори меѓу турските власти и ПКК за постигнување мирно решени на курдскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски