ВМРО-ДПМНЕ: Со новата програма се обврзуваме да донесеме целосна гасификација на Македонија

Од:

„Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи итн.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради гасоводниот систем во државата. Во наредниот период со интензивна динамика ќе се пристапи кон: завршување и пуштање во употреба на проектите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го доизгради магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола, магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар, изградба на магистралниот гасовод Штип – Радовиш- Струмица – Гевгелија. Исто така се предвидува изградба на магистралниот гасовод Гостивар – Кичево, магистралниот гасовод Свети Николе – Велес, магистралниот гасовод Битола – Ресен – Охрид – Струга.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април предвидува поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас и напуштање на оној за прв пат во историјата познат термин енергетско земјоделски комбинат кој што ниту е енергетски, ниту е земјоделски, а само претставува споменик на едно неуспешно време на владите на СДСМ.

Ќе се предвидат и изградби на делници за поврзување на Технолошко-индустриските развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, како и Индустриската зона Жабени.

Обнова на Македонија ќе има по 12-ти април, кога новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе проекти кои ќе овозможат целосна гасификација на државата. Обновата кога ќе дојде, ќе дојде време кога ќе има повеќе за секој граѓанин во Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС