Ограбена црквата во гостиварска Сушица

Од:

Непознати сторители, провалиле и ја ограбиле црквата „Свети Никола“ во гостиварското село Сушица. Од СВР Тетово, информираат дека случајот во полициската станица Гостивар го пријавил 58 годишниот Н.Т. кој денеска ја посетил црквата.

Од увидот утврдено е дека провалата се случила во периодот од 24 до 31 март, а провалниците во објектот влегле со кршење на еден од прозорците. По пребарувањето ја нашле металната каса во која имало околу илјада денари, пари кои ги донирале верниците. Најверојатно при излегувањето ја оштетиле и влзената врата и натписот на црквата, а го симнале и ѕвоното од камбанаријата. Металната плоча и ѕвоното биле најдени на извесна одалеченост од црквата.

Овој месец, во Гостиварско регистрирани се три кражби.

Провала во верски објект беше регистрирана и вчера во тетовското село Теново, каде од црквата „Света Петка“ биле украдени пари.

На почетокот од годинава, покрај пари, крадците од црквите по долината на Радика одзедоа и неколку десетици икони.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница