12 жртви од силната бура во САД

Од:

Силната бура што го зафати источниот дел на САД згасна 12 животи, меѓу кои и две момчиња на 2 и 7 години.

Полицијата од Мериленд јави дека еден човек загина кога дрво паднало врз неговиот автомобил.

Стотина илјади жители на Вашингтон и на другите погодени области и натаму се без електрична енергија и без клима уредите во еден од најтоплите денови кога температурата се искачи над 40 степени целзиусови.

Ветерот некаде достигнувал брзина до 70 мпх. На автопатот кон Охајо им пркосел на тракторите со нивните приколки.

Гувернерот на Западна Вирџинија, Еарл Реј Томлин, прогласи вонредна состојба кога околу 500.000 жители на 27 земји останаа без електрична енергија.

Во моментот надлежните служби се уште работат на расчистувањето на штетите.

 

Би можело да ве интересира

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Израел ќе произведува тешки бомби, ќе ја намали зависноста од Америка

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски