Груевски: Ќе изградиме две туристички развојни зони во Преспа

Од:

Во Преспа ќе изградиме две туристички развојни зони, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски при денешните посети на Стење  и Ресен  во придружба на кандидатот за градоначалник на општина Ресен од коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓоко Стрезовски.

– За ова прекрасно местото во Стење каде што сме сега има интерес за изградба на туристичка развојна зона и за учество на евентуален тендер на кој што ќе се наддаваат. Покрај ова предвидена е уште една локација да се направи туристичка развојна зона на другата страна на Езерото, рече Груевски.

Порача дека токму затоа е донесен и Законот за туристички развојни зони со што се овозможува државата да може да парцијализира поголем простор, некогаш 30, а можеби и до 200 хектари и да ги понуди на инвеститор, домашен или странски кој ќе се обврзе со договор дека на тоа место ќе инвестира во хотелски капацитети, убави плажи и се што може да привлече поголем број туристи.

– Туризмот е нешто што може да му помогне на целиот Преспански регион и затоа како дел од нашата програма неслучајно го изработивме тој закон  и ги промовираме можностите за развој на туристички зони. Инвеститорите од светот што се занимаваат со ваков вид на туризам ги добиваат информациите од нас за да заинтересираме што поголем дел од нив и да ги привлечеме и кога ќе се објави конкурсот за локацијата да дојдат и да наддаваат, посочи Груевски.

За Ресен, нагласи, е многу значајно  тоа што планираме две индустриски зони во кои ќе се обидеме да привлечеме компании, кои ќе отворат капацитети и ќе вработуваат луѓе.

– Со идниот градоначалник на Ресен Стрезовски планираме да ја изградиме едната па другата зона и на тој начин да успееме да направиме напори, да привлечеме некоја компанија да дојде тука и да го заживее овој крај. Значаен проект за Ресен е изградбата на водоводот меѓу Ресен и Јанковец во кој што има азбестни цевки и проблеми со водоснабдувањето. Тука се планира посериозен зафат, рече Груевски.

Кандидатот за градоначалник на Ресен истакна дека за сите преспанци од исклучително значење е огромната поддршка и помошта која што постојано ја добиваат од премиерот Груевски и од Владата.

– Главното тежиште на мојата програма е ставена врз економското заживување на Преспа кое што за жал последните две-три децении  доживува вистински застој. Затоа се насочуваме кон изградба и развој на две туристички зони за домашни и странски инвеститори за отворање нови работни места. Тука ќе се вработуваат преспанци посебно оние од младата популација, рече Стрезовски.

Наша цел, потенцира,  е со економско заживување на Преспа да придонесме младите луѓе во Ресен да живеат и да творат во својот град.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар