Маж со нож нападнал верници во црква во Москва

Од:

Еден маж утрово нападнал верници во црква во центарот на Москва утрово и повредил две лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк.

Полицијата по потера уапсила 26-годишен жител на регионот Липецк, а на осомничениот му е одреден притвор.

“Тој влегол во црквата на улицата Бакуњинска утрото на 16 февруари и ранил две лица со нож. Повредените се хоспитализирани и укажана им е лекарска помош”, информира Ирина Волк.

Полицијата ги испитува причините и околностите на нападот што се случил во црквата „Свети Никола“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот