Се наоѓаме во недовршена, невозможна држава БиХ, единствена логика е мирно да се разидеме, но за тоа се уште не се создадени услови, оцени денес претседателот на Република Српска, Милорад Додик и порача дека за тоа мора да постојат услови.
Своето тврдење го повтори коментирајќи ги податоците дека Федерацијата на БиХ не ги исполни условите за новиот трансфер на кредит на ММФ, истакнувајќи дека РС сакала или не има проблеми.
-Бидејќи БиХ не ги исполни условите на ММФ, ќе бидат блокирани ангажмани и за РС и тоа може да предизвика проблеми и за нашата позиција – изјави Додик.
Елена Георгиевска