Полицијата работи на расчистување на случаи со измамени угостители и цвеќари

Од:

По неколкуте пријави за измами во кои досетливи измамници од угостители и продавчи на цвеќе одзеле пари, од СВР Тетово информираат дека во тек се интензивни мерки и активности за расчистување. Деновиве угостители и продавачи на цвеќе од Тетово, Гостивар и Врапчиште пријавиле неколку идентични измами со лажни резервации и нарачки.

– Во рамките на овие активности соодветните служби на Секторот веќе располагаат со одредени сознанија околу можните сторители на измамите. Апелираме до граѓаните да бидат докрај претпазливи кога телефонски примаат резервации или нарачки на одредени производи и услуги. Особено треба да бидат претпазливи кога станува збор за непознати лица, кои нудат најразлични производи или им ветуваат посредување за некои услуги како вработување, обезбедување документи и слично, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Измамниците според утврдена шема се јавуваат во некој ресторан, и некој од нив се претставува како раководител или директор на фирма и бара во да му се резервира сала за забава. Притоа од угостителот бара да ангажира фирма за декорација на салата и да ѝ плати. Парите за декорацијата се даваат во кеш на одредено лице кое подоцна исчезнува, а нарачателот е недостапен на телефонот.

Според Јосифоски, поединци вешто и досетливо, измислуваат најразлични приказни и начини да ги доведат во заблуда и да остварат парична или друга корист, ветувајќи услуги, огревни дрва, лекарства, возила, поефтини станови и друго.

Измамите претставуваат кривично дело (член 247 од Кривичниот законик) за кое е предвидена парична или казна затвор од 3 до 5, односно 10 години, зависно од големината на причинетата материјална штета.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма