Отфрлен договорот за трговија со оружје

Од:

Иран, Сирија и Северна Кореја велат дека предложено регулирање на светската трговија со оружје не одговара на неговите потреби.

Тие го блокираа усвојувањето на договор на Обединетите нации за регулирање на трговијата со оружје во светот, вреден 70 милијарди долари, кажувајќи дека не ги задоволува потребите на нивните држави.

За усвојување на договор, неопходна е едногласна поддршка. Меѓутоа неколку држави соопштија дека наскоро ќе го изнесат предлогот пред Генералното собрание на Обединетите нации каде што се очекува негово усвојување, од двотретинското мнозинство.

Со споменатиот договор ќе се воспостават меѓународни правила за увоз, извоз и трансфер на ковенционалното вооружување.

Најголемиот светски извозник на оружје, САД во минатото беа против некои делови од предложениот договор, но дипломатите во вторник изјави дека договорот е праведен и дека Вашингтон се надева дека ќе биде усвоен.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Пронајдени пушки и муниција во Кичевско, уапсен е 50-годишник

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога