Тумор пронајден во фосил на диносаур стар 60 милиони години

Од:

Научниците открија 60 милионски стар фосил од диносаурус кој страдал од истиот канцер кој страда и човекот денес.

Во коските на Хардосаурусот кој живеел во денешна Алберта, Канада е потврдено од истражувачите дека се работи за  „Хистиоцитозата на Langerhans клетките“.

Денеска оваа состојба е реткост помеѓу луѓето, а најчесто страдаат децата на возраст од пет до десет години.

Овој вид на канцер кој започнува од клетките за борба против инфекциите може да доведе до оштетување на ткивата и лезиите низ човековото тело.

Симптомите вариират според локацијата на канцерот.

Болеста на диносаурусот е идентификувана и опишана од тимот на истражувачи на Универзитетот во Тел Авив, предводен од Хила Меј.