Кривична пријава и притвор за гевгеличанец за 16 измами и злоупотреба на податоци од ПИОМ

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(40) од Гевгелија, поради постоење основи на сомение за сторени 46 кривични дела, од кои 16 „измама“, 12 „измама во обид“ и 18 „злоупотреба на лични податоци“, а Основниот суд Гевгелија му определи мерка притвор во траење од осум дена.

Пријавениот, како што информира МВР, во периодот од 28.10.2019 до 02.02.2020, во вкупно 28 наврати довел во заблуда вкупно 18 физички лица, на тој начин што лажно се претставувал дека е вработен како службено лице во Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, како и во други државни институции и приватни правни субјекти кои вршат дејност од јавен интерес (банки, извршители итн.).

-Пријавениот ги убедувал оштетените лица дека за да се стекнат со парични средства по разни основи од сметката на Фондот и други државни институции, треба да уплаќаат дополнителни парични средства на негово име на различни начини (електронски, по пошта или давање парични средства на рака преку трети лица). На тој начин, И.П. се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 54.650 денари, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична