Доаѓа земјотрес, стотици илјади лица ќе умрат, алармира турскиот градоначалник Хасан Акгун

Од:

Турскиот градоначалник Хасан Акгун со злокобна прогноза ја алармира турската јавност за опасноста од силен земјотрес во близина на Истанбул, како што многумина научници предвидуваат дека може да се случи во следните години, соопштува турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

-Земјотресот доаѓаа, стотици илјади ќе умрат во Истанбул. Треба храбро и отворено тоа да го кажам, рече овој градоначалник на истанбулската општина Бујукчекмеџе на форум, организиран од Сојузот на општини во реонот на Мраморно море.

Тој зборуваше за мерките што општинските власти треба да ги преземат за да го спречат големиот број жртви, кои еден силен потрес во овој реон би можел да ги предизвика.

Најголемиот град во Турција – Истанбул, што има над 12 милиони жители, се наоѓа во сеизмички активен реон.

Експертите предупредуваат дека пренаселувањето и неквалитетната изградба во Истанбул може да доведе до огромни загуби на човечки животи. При силен земјотрес десетици илјади згради во градот најверојатно ќе се урнат, предупредуваат експертите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски