Продолжува судењето за „Маџар Телеком”

Од:

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Маџар телеком“.

Предметот „Маџар телеком” се води против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството. Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Ана Ололовска

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Титаник“, „Титаник 3“ и „Маџар телеком“

Ана Ололовска

Нови рочишта за Титаник, Т.Н.Т., Ласкарци и Маџар Телеком

Ана Ололовска

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено за 28 ноември

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Монструм“, „Маџар Телеком“ и „Т.Н.Т.“

Ана Ололовска