Студентка на Универзитетот во Џорџија провалила во домот на една жителка на Атенс, само за да си го провери Фејсбук профилот.
Кога сопственичката се вратила дома, ја видела студентката како седи на нејзиниот кауч и „клика“ по Фејсбук.
Студентката се извинила и заминала, но не се одјавила од својот профил. Така полицијата веднаш ја пронашла. Пред заминување, студентката уринирала на каучот.