Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против лице на возраст од 25 години кое се товари за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, информираат од Јавното обвинителство.
-Во домот на обвинетиот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје биле пронајдени и одземени 15 куршуми со оловен калибар 22 LR, како и еден куршум со калибар 7,65 мм. Во исто време, било утврдено дека тој неовластено заради продажба држел 129,51 грам наркотична дрога – марихуана. Во домот на обвинетиот биле пронајдени остатоци од амфетамин и кокаин и една дигитална вага на која е констатирано присуство на наркотични дроги”, се вели во соопштението на јавното Обвинителство.
Во меѓувреме поради опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител побара продолжување на претходно определената мерка притвор.