Хидроавиони ќе извршуваат летови од Истанбул за Бурса во времетраење од 18 минути, јави Анадолија.
Услугата ќе почне да се нуди од 1 април.
Хидроавионите кои ќе извршуваат неколку летови дневно, ќе може да превезуваат до 19 патници.
Цената на билетот ќе биде 100 турски лири (околу 45 евра). Растојанието меѓу Истанбул и Бурса е 233 километри.