Во текот на минатата година 125 жени во Турција биле убиени од страна на нивните партнери, покажуваат податоците на турското Министерство за семејство и социјална политика.
Според истите податоци, во првите девет месеци од минатата година вкупно 30.254 жени во Турција се здобиле со повреди како резлатат на физичко насилство од страна на нивните сопрузи или партнери.
Коментирајќи ги овие податоци, турскиот министер за семејство и социјална политика Фатма Шахин изјави дека е очигледно оти законот за превенција од насилство врз жените, што беше усвоен лани во март, е неефикасен.