Најмалку 470 луѓе се уапсени, а 36 полицајци се повредени во Санјаго и други чилеански градови за време на протестите, на кои студентите и средношколците барале реформи во образовниот систем, соопшти Министерството за надворешни работи на Чиле.
Ова се најнасилните студентски протести во земјата во последната една година.
Протестите ги предводел лидерот на студентското движење со потекло од Хрватска, Габриел Бориќ, се наведува во соопштението на претставникот на чилеанското МНР Родриго Убила.
Тој тврди дека Бориќ предизвикал немири со тоа што ги повикал студентите да „го покажат својот бес“, а студентскиот лидер ги негираше ваквите тврдења нагласувајќи дека тој ги повикал учениците и студентите на „мирна прошетка“.
До судир меѓу полицијата и демонстрантите дошло откако студентите почнале да фрлаат камења врз полицајците, а тие возвратиле со солзавец и водени топови.