Француската полиција го испитува убиството во хотелска соба во Лил, на чеченскиот блогер кој бил гласен критичар на претседателот Рамзан Кадиров.
Жртвата идентификувана за CNN како Имран Алиев, водел канал на Јутјуб каде го критикувал чеченскиот режим на претседателот.
Француската полиција потврдила дека Алиев (44) претрпел насилна смрт.
Телото било пронајдено во собата, а во близина бил пронајде и еден нож кој е испратен на испитување во форензичка лабараторија.
Полицијата се сомнева дека делото го извшиле двајца чеченски граѓани кои ден пред да биде најдена жртвата биле во хотелот.