ЕУ: Моделот за спас на Кипар не е пример за другите земји од еврозоната

Од:

Германската влада смета дека мерките за спас на Кипар од финансиската криза не се пример за идни програми за спас на други земји. –

Кипар е единствен случај, изјави денеска портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.

Според него одлуките донесени за Кипар, не треба да се препишуваат како можни програми за спас на други земји. Во овој случај стануваше збор за решавањена индивидуалните проблеми на Кипар.

Повеќето кипарски банки се финансираат со парите на штедачите, истакна Зајберт. Освен тоа даночната основа на оваа островска држава е исклучително слаба. Според тоа единствен модел за сите случаи нема, нагласи портпаролот на германската Влада.

Планот за спас на Кипар нема да биде модел за решавање на проблемите во банкарскиот сектор во Европа, се наведува во официјалниот документ договорен од претставници на министертсвата за финансии од еврозоната. Техничкиот документ е изработен за земјите од Еврогрупата за разјаснување на одредбите од планот за спас на Кипар.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он